Заоблените бели ѕидови ја дефинираат Casa Pátios de Pétalas, куќа проектирана од португалското биро Sandra Micaela Casinha Atelier со органска форма заснована на цвеќиња.
Сместена во Gondomar, населба на истокот на Порто, куќата е проектирана за семејство со мала ќерка.
Дизајнот на Sandra Micaela Casinha Atelier имал за цел да создаде дом со органска форма инспирирана од природната средина, користејќи ограничена палета на материјали.
Двокатната куќа има застаклен долен кат со засенчување кое го обезбедуваат дрвени летви, додека горниот кат има флуидни бели ѕидови кои потсетуваат на ливчиња од цвекиња.
„Ливчињата од цвеќе го опфаќаат целиот горен кат“, вели за Dezeen основачот на бирото Sandra Casinha. „За да го потенцираме нивното присуство, ја ограничуваме употребата на три материјали: бел [бетон], кој ги црта ливчињата, алуминиум и стакло. Така, ливчињата повеќе доаѓаат до израз“.
Внатре во домот, архитектите користат заоблени ѕидови за да создадат визуелни и физички врски помеѓу просторите за живеење.
При влегувањето во куќата, отворени скали со дрвени газишта водат до горниот кат, дефинирајќи го центарот на просторот за живеење со отворена основа.
Долниот кат е поделен со два кривулести, заоблени ѕида кои ја делат основата на третини. Кујната и трпезаријата завземаат една третина од просторот, додека дневната соба го зазема централниот дел на основата.
Лизгачките застаклени врати водат од станбениот простор на закривената дрвена тераса што гледа кон градината.
Горниот кат се состои од три спални соби, секоја со своја бања и тераса која пружа врска со надворешниот простор.
Однадвор, облиците на дворовите се одликуваат со надворешните ѕидови како бели ливчиња, создавајќи широки кривини кои можат да се користат за седење.
Ентериерите на Casa Pátios de Pétalas, исто така, се потпираат на природата, со земјени тонови и текстил што го дефинираат дневниот и спалниот простор.
Наспроти тоа, заоблените ѕидови на бањите на горниот кат се обложени со црвени плочки во тонови на скапоцени камења.
„Во декорацијата се чувствува користена палетата на пастелни и сирови бои“, објаснува Casinha. „Користиме мебел што придонесува за спокојството на местото, лежерната удобност, природните материјали и едноставноста“.