Насловна / Архитектура / Casa LLM во Бразил, интензивен дијалог со топографијата и вегетацијата

Casa LLM во Бразил, интензивен дијалог со топографијата и вегетацијата

Куќата Casa LLM во Sao Jose dos Campos, Бразил сместена е на локалитет со голем број автохтони дрвја кои требало да се зачуваат и просечен наклон на теренот од 30 отсто. Имплементацијата на проектот сугерира интензивен дијалог со постојната топографија и вегетација.

1_resize

2_resize

Со оглед на изградената површина од 1187,60 квадратни метри, предложена од клиентот и воедно неопходна за решавање на целата проектна програма, архитектите од бразилското проектантско биро Obra Arquitetos се обиделе да развијат проект каде што луѓето ќе можат да имаат директен контакт со очи и покрај тоа што се во различни опкружувања и на различни нивоа во куќата, со што се спречува изолацијата и се олеснуваат средбите на нејзините жители.

5_resize

11_resize

Casa LLM е распределена на четири нивоа и е решена така што заедничките простори, како што се, дневен престој, работа и готвење, имаат врска со поголемите глетки на пејзажот и поголемиот интензитет на светлината. Собите и поинтимните простори сместени се под крошните на дрвјата, формирајќи двор со стебла.

15_resize

3_resize

Куќата е проектирана во комбинирана конструкција. Потпорните и бочни sидови во армиран бетон, челични столбови и рамка, подигната над дрвјата.

6_resize

20_resize

Просторијата има распон од 24 метри, совладан со две челични греди со висина 1,50 метар. Еден од овие носачи го поддржува висечкиот мезанин. Оваа алтернатива била разгледана откако конструктивната анализа на сопствената тежина и оптоварувањето на гредите биле многу поголеми од оптоварувањето од мезанинот. Покрај тоа, конструкцијата создава и одлични големи и пријатна засенчени простори на долното ниво.

7_resize

8_resize

12_resize

13_resize

14_resize

16_resize

17_resize

18_resize

21_resize

19_resize

9_resize

22_resize 23_resize 24_resize 25_resize 26_resize 27_resize 28_resize

Испрати коментар

Scroll To Top