Насловна / Вести / Carlsberg на иднината: Помалку вода, повеќе пиво

Carlsberg на иднината: Помалку вода, повеќе пиво

Еден од најголемите светски производители на пиво, Carlsberg, најави дека ќе го преполови уделот на употребата на вода при производството на пиво. Компанијата осмислила иницијатива во рамките на која ќе рециклира 90% од водата која ја користат, со што ќе ја намалат потрошувачката на енергија до 10%. На тој начин ќе се преполови користењето на вода во седиштето на пиварницата во Данска. Тоа ќе биде прва пиварница која ќе допринесе во штедењето на вода. Планот е количината на вода од моменталните 2,9 хектолитри по хектолитар пиво, да се намали на 1,4 хектолитри. Од основањето до денес, овој сооднос постојано се менувал, а во 1979 година тој бил 4:1.

Планот е конципиран да води кон постепен, но постојан прогрес, односно првобитната цел се однесува на 2022 година, до која би имале потрошувачка на вода намалена за 25%, што до  2030 година ќе биде удвоено.

Иницијативата ќе помогне за успехот на одржливата програма под наслов Together Towards ZERO, според која до 2030 година пиварницата би требало да забележи нулта емисија на јаглерод диоксид и нулта потрошувачка на вода, но исто така и да се исполни замислата за одговорна конзумација на алкохол.

Open the beer bottle

carlsberg1

carlsberg3

Испрати коментар

Scroll To Top