Насловна / Вести / CAN Europe: Бавен напредок на националните климатски и енергетски планови на Западен Балкан

CAN Europe: Бавен напредок на националните климатски и енергетски планови на Западен Балкан

По повод одбележувањето на втората годишнина од потпишувањето на Софиската декларација, Европската мрежа за климатска акција (CAN Europe) предупредува дека постапката на усвојување на националните климатски и енергетски планови (НЕКП) во земјите од Западен Балкан, не се одвива со задоволителна брзина. Лидерите на сите земји од регионот, во Софиската декларација усвоена на 10-ти ноември 2020, се обврзаа дека до срединаат нва векот ќе постигнат климатска неутралност.

caneurope1

Но, досега само Македонија и Албанија ги имаат предадено своите НЕКП до  Енерегетската заедница, но и покрај тоа се оценува дека треба подобра примена на меѓусекторскиот пристап. Србија го објави својот нацрт НЕКП на почетокот на август, а другите земји сеуште работат на своите планови. Секое понатамошно одложување може да го загрози исполнувањето на ветувањата на регионалните лидери за намалување на емисиите на стакленички гасови, предупредува CAN Europe. НЕКП е десетгодишен план во кој државата прикажува на кој начин ќе ги постигне своите енергетски и климатски цели за 2030 година. Крајот на 2020 година беше првиот рок за предавање на конечните верзии на НЕКП, а Секретаријатот на Енергетската заедница го пролонгираше рокот до средината на 2024 година. Но, за да се обезбедат реални резултати, процесот треба веднаш да се забрза, се вели во извештајот на CAN Europe. Министерскиот совет на Енергетската заедница во декември би требало да ги усвои националните енергетски и климатски цели за 2030 година.

caneurope3

Осврнувајќи се одделно на земјите од регионот, CAN Europe истакнува дека во случајот на Албанија амбициите се недоволни, посебно во поглед на намалувањето на емисиите на стакленички гасови. Во многу сегменти нема конкретна операционализација, начини на обезбедување на финасирање, ниту рокови за реализација. Притоа се укажува на потребата од унапредување на јавните консултации со цел да се овозможи ефективно учество на јавноста во донесувањето на одлуки. Иако Албанија не се потпира на јаглен како извор на енергија, ревидираниот НЕКП би требало да обезбеди јасен долгорочен пат за постепено укинување на употребата на сите фосилни горива. Македонија во својот НЕКП презентира прогресивни климатски и енергетски цели. Сепак, CAN Europe нотира дека датумот за престанок на работатат на термоцентралите на јаглен предвиден во документот може да се постигне само ако ревидираниот НЕКП содржи јасни планови за периодот по затворањето, со прецизна временска рамка и обезбедени финансиски средства.

 

Испрати коментар

Scroll To Top