Насловна / Вести / Camille Walala максимално ја користи шарената естетика во своето студио

Camille Walala максимално ја користи шарената естетика во своето студио

Лондонската дизајнерка Camille Walala соработувала со столарската работилницата Our Department за да го опреми своето студио со едноставна верзија на својот шарен дизајнерски стил.

12

Електрични сини подови, плакари со графички дезен и чајна кујна со пропорции налик на цртан филм се наоѓаат во просторот, кој е сместен во зградата Regent Studios во близина на Broadway Market во источен Лондон.

Просторот на седмиот кат ги привлекол Walala и нејзината менаџерка во студиото, Julia Jomaa, со својот прекрасен поглед.

7

Двете одвоиле време за дизајнот, работејќи рамо до рамо во студиото повеќе од една година додека ја прилагодувале положбата на мебелот што го дели просторот додека не стигнале до распоред со функционалност која им била потребна.

4

Откако одлучиле да работат на дизајнот на ентериерот, не било гаранција дека ќе ја прифатат препознатливата и храбра палета на бои на Walala, бидејќи биле загрижени дека тоа потенцијално би можело да биде во судри со идната работа.

3

„Размислувавме и се двоумевме, колку далеку да одиме со шарено?“, вели Walala за Dezeen. „Дали треба да бидеме прилично едноставно или всушност треба да тргнеме по шарено?“

Но, на крајот, вели дека желбата да се чувствуваат инспирирани од својот работен простор победила.

9

Студиото е поделено на две простории – едната за „чиста“ работа на компјутер, а другата за „валкани“ активности како што се сликање и изработка на макети.

14

Walala и Jomaa направиле 3Д модел на ентериер во SketchUp пред да ги повикаат нивните омилени столари Our Department – студио специјализирано за дизај и изработка, да го реализираат нивниот ентериер. Тандемот Simon Sawyer и Gustave Andre ги изработиле сите елементи во просторот со фокус на постигнување чисти линии и јасни бои со максимална функционалност.

1

За плакарите, користени се врати направени од медијапан и примена на декоративна техника што ја користеле на претходните проекти на Walala.

Ова вклучувало CNC сечење на форми од тенок медијапан, пред боење со прскање и прецизно лепење на вратите за да се создаде графички образец, избегнувајќи ги нејасните линии што понекогаш може да настанат со боење директно на површините.

5

За дизајнот на кујната Walala вели дека сонувала да ја постигне „кујната на Барт Симпсон“. „Дизајниравме Лего куќа пред неколку години, навистина шарена куќа“, објаснува дизајнерката. „Особено кујната во тој простор беше навистина мошне смела и речиси како цртан филм и одлучивме дека треба да направиме нешто слично во нашето студио“.

2

Спротивно на тоа, посуптилна карактеристика е лизгачката врата помеѓу двете простории на студиото, која се состои од проѕирно платно поставено во црна рамка. Иако можеби помалку привлекува внимание, Jomaa вели дека хипнотичкиот ефект на лизгачките панели кои се лизгаат едни во други е како „мала анимација на бои“.

Исто така, има и неколку елементи од природно дрво низ ентериерот, како што се ногарките на работната маса за да се балансира либералната употреба на бојата.

10

Како и сите жители на Regent Studios, Walala ќе треба да го врати изнајмениот простор во првобитната состојба кога нејзиното студио ќе замине, така што нема постојана опрема, сè е дизајнирано да се демонтира.

11

Дури и централниот „ѕид“, кој од едната страна содржи место за складирање од подот до таванот, е самостоечки. Но, тимот користел ногарки од кујнски елементи за да го прицврсти на таванот за стабилност.

13 8

Испрати коментар

Scroll To Top