Кочани – Во општина Зрновци започна регулацијата на коритото на Зрновска река во должина од 700 метри.Средствата во висина од 12 милиони денари, според градоначалникот Блаже Станков се обезбедени од повеќе извори и се очекува проектот за два месеца да биде целосно завршен.
Во рамките на овие активности предвидена е изградба на потпорни ѕидови
се со цел да се регулираат водите на Зрновска река и да не дојде до
поплави и носење на дел од асвалтниот пат покрај коритото на реката.
Зрновска река во втората фаза ќе се регулира од магистралниот канал на
Хидросистемот Брегалница се до излезот од населбата. Нерегулираното
корито со последните врнежи од дожд направи големи штети во населбата и
на земјоделските површини. (МИА)