Скопје – . Во мај годинава во однос мај лани индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 9,2 проценти. Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава во однос на истиот месец лани се повисоки за 10,9 проценти
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред се, на зголемените цени во групата „енергија“ за 27 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 5,5 проценти, „капитални производи“ за процент и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,1 процент.
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот вадење на руди и камен во мај годинава во однос на мај минатата година е повисок за 1,8 проценти, во преработувачката индустрија за 12,8 проценти, а во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и топла вода за 3,4 проценти.
(МИА)