Насловна / Екологија / Зелените коридори се поактуел ни во заштитата на дивиот свет

Зелените коридори се поактуел ни во заштитата на дивиот свет

zeleni-koridori-thumb.jpg

Според експертите, коридорот може да се протега бројни километри низ шумски предели кои поврзуваат два национални паркови или да биде мал тунел под меѓудржавен автопат. Без ваквите врски животните не можат да стигнат до храната, водата, другите единки од видот или до своето засолниште.
До 2015 година на територијата на Велика Британија ќе се формираат 12 нови области за зачувување на природата, како прв чекор кон новиот начин за конзервација на дивиот свет во оваа земја, објави деновиве британски "Индепендент". Новите зони ќе покриваат стотици илјади хектари површина од индустрискиот Јоркшир до мочурливите делови во устието на Темза и шумите и реките на Северен Девон, и ќе претставуваат обновени хабитати и засолништа за дивиот свет, во што ќе се вклучат локалните жители. Како што информира "Индепендент", британската влада за овој проект до 2015 година ќе одвои вкупно 7,5 милиони фунти. Новите зони нема да бидат обични резервати, туку ќе донесат промена во начинот на кој се спроведува заштитата на дивиот свет во Британија во 21 век. Станува збор за воспоставување коридори на дивиот свет, еколошки мрежи преку кои живиот свет во природниот пејзаж што е прекинат со патишта, населби и други градби, ќе може безбедно да стигне до храна, до вода, до другите единки од својот вид и до засолниште. Според планот, новите 12 еколошки зони ќе ги раководат локалните жители, општините и организациите за заштита на животната средина што биле избрани на јавен повик.
zeleni-koridori-1.jpg
Оваа новина во Велика Британија го актуелизира процесот на оформување коридори за дивиот свет попознати како "зелени коридори", како физички врски меѓу разделените парчиња од растителните и животинските хабитати, неопходни за зачувување на биодиверзитетот и одржување здрави популации. Еколозите имаат поделени мислења за ваквиот начин на конзервација на дивиот свет, некои имаат позитивни, а некои негативни искуства.

Според експертите, коридорот може да се протега бројни километри низ шумски предели кои поврзуваат два национални паркови или да биде мал тунел под меѓудржавен автопат. Без ваквите врски животните не можат да стигнат до храната, водата, другите единки од видот или до своето засолниште. Растенијата не можат да го разнесуваат нивниот полен и семињата за да одржат здрава популација.
zeleni-koridori-2.jpg
Дизајнирањето и формирањето коридори е релативно нова гранка во науката за заштита на животната средина и главно го застапува размислувањето дека зелените коридори треба да се формираат асиметрично, низ различните хабитати, и да се избегнуваат праволиниски решенија.

Да се одржат еколошките процеси

Загубата на живеалиштата и фрагментацијата на природниот пејзаж како резултат на човековите активности се главните виновници за загубата на биодиверзитетот. Кога вегетацијата во одредена област ќе се расчисти, се формираат природно изолирани острови кои остануваат помалку или повеќе отсечени од другите хабитати. Поради тоа многу растителни и животински видови остануваат изолирани, а тоа негативно влијае врз бројноста на популациите. Ваквата новонастаната ситуација ги прекинува еколошките процеси, како што се миграцијата на видовите и циклусот на движење на хранливите материи во природата.

zeleni-koridori-3.jpg

 Резултатот е загуба на биодиверзитетот и истребување на чувствителните видови. Коридорите играат важна улога во зачувувањето на биодиверзитетот, но, според некои извори, тие само делумно компензираат за вкупната загуба на хабитатите поради фрагментација на природниот пејзаж. Затоа е важно да се одржи мрежата на зелени коридори низ приватното и државното земјиште во регионите.

Како некое општо правило при формирањето на коридорите за дивиот свет, според повеќето извори, е дека колку е коридорот поширок толку подобро. Пошироките коридори придонесуваат за развој на побогат биодиверзитет, трпат помало влијание од околната обработка на земјиштето и придружните ефекти на границите од коридорот (навлегување на предатори). Менаџирањето со еден коридор треба да има цел да ја задржи и подобри постојната вегетација и живеалиштата на дивиот свет и да овозможи еколошките процеси и функцијата на коридор да го имаат својот максимум. Во светот се познати повеќе коридори за живиот свет меѓу кои и:

– Пасео Пантера (Средноамерикански биолошки коридор) – Источно Хималајски коридор – Коридорот Кина – Русија за тигри – Европскиот зелен појас (што минува и по границите на нашата земја) – Коридорот Сиџу-Ривак (Индија) за слонови

Сашо Кузмановски


Испрати коментар

Scroll To Top