Насловна / Форум / Заборавете го плоштадот

Заборавете го плоштадот

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/blagica-blazevska.jpgБлагица Блажевска, дипл.инж.арх.

 

Запомнете го плоштадот, зашто плоштад веќе нема да видите. Кога сите јавачи ќе го вјавнат и објектите ќе се доградат, ќе остане малку место за нешто друго!

Во тек е 15-то Биенале на Македонската Архитектура Бимас 2010, каде се изложени двeгoдишните достигнувања на Архитектурата од Македонија. Од изложените дела се гледа дека се движат по нагорна линија, со линии и фасади кои ја пратат современата архитектура. Настан кој буди емоции, дружби, седенки, разговори, а овој пат и без да може да се заобиколи Проектот Скопје 2014. Всушност размислувањата се дека проектот е крајно несериозен и несоодветен одговор на проблемите што ја тангираат нашата култура и нашиот идентитет.


На прашањата како гледаат авторите на Проектот Скопје 2014, одговорот беше дека треба само малку да се стрпиме ние граѓаните, па ќе се гордееме со нашиот плоштад, дека ќе биде многу убав. Колку празен одговор, без никаква одговорност и оправданост за средствата што ќе се вложат. Па архитектурата не е само убавина и гордост, туку и економија и функција.


Биеналето го збогатија и две исклучително значајни изложби од Словенија. Современата Словенечка архитектура, како и изложба под наслов Живот и дело на големиот ахитект Јоже Плечник(1872-1957). Изложбата ја отворија и подржаа високи претставници на Министерството за култура на Макединија и на Словенија. Се надевам дека нашите нарачатели на Проектот Скопје 2014, видоа каква е современата архитектура на Словенија. Секако барок ни оддалеку. На своето предавање претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Словенија , истакна дека најпознатиот словенечки архитект Јоже Плечник, почнува да го користи барокот со здоцнување од 50 години. Која е причината 90 години подоцна Македонија да започне со градње на профани објекти во таков стил?

Испрати коментар

Scroll To Top