Сместен токму таму каде што се наоѓа сиот луксуз на француската престолнина, Bvlgari Hotel Paris е нов вид на хотелско искуство кое нема да остави никого рамнодушен.
Комбинацијата на италијанското гостопримство, златното наследство на познатиот бренд и славната историја на градот на светлината, резултирало со создавање на луксузен хотел проектиран од познатото архитектонско биро Antonio Citterio Patricia Viel. Хотелот располага со 76 соби и апартмани, вклучувајќи го и пентхаусот Bvlgari: приватен стан од речиси 400 квадратни метри со сопствена панорамска кробна градина и фантастичен поглед на градот.
Хотелот се карактеризира со софистицирана мешавина на бескомпромисна чистота на линии и суптилни референци на италијанската ренесансна архитектура. Така, масивните двокатни прозорци совршено се вклопуваат со оригиналната фасада, што внесува нов графички идентитет во целиот овој дел од градот. Внатрешноста на хотелот ја вклучува истата палета на бои и текстури што може да се видат во другите хотели на Bvlgari ширум светот: мермер, свилени ѕидни облоги, гранит, таписерија, како и лакирана столарија од еукалиптус.
Најдоброто од италијанската изработка е подобрено со соработката со најдобрите француски занаетчиски ателјеа кои се потрудиле да создадат совршена средина за дизајнерски мебел и уметнички дела. За момент се чини дека, двете познати престолнини, Париз и Рим повторно се натпреваруваа во креативност, стил, историја, мода, кујна и уметност.
Bvlgari Hotel Paris може да се пофали и со полуолимписки базен, засебно и добро опремено фитнес студио, соби за спа третмани и неверојатна локација во близина на Ајфеловата кула, која се наоѓа на само неколку минути пешачење од хотелот.
Во хотелот, стилот на услугата е целосно одново осмислен за да биде беспрекорен, автентичен, а сепак неформален, токму толку колку што дозволуваат најмалите детали на зградата. Деталите се оние кои одлучиле секое катче од овој хотел со пет ѕвезди да блесне со полн сјај.