Терминот „бушаво“ секако не е вообичаен за да се опише архитектурата, но во конкретниов случај токму „бушавата“ надворешност е главната карактеристика на една микро канцеларија. Фасадата на овој простор во целост е обложена со четки од природни кокосови влакна. Проектот е дело на компанијата 2hD Architecture Workshop од Велика Британија. Именуван како „Mission Control“, овој проект е осмислен како антитеза на отворениот динамичен простор и внатрешниот мирен и креативен свет. Внатрешните ѕидови се обложени со шперплоча под која има изолација од овча волна со цел создавање на здрава, природна атмосфера.