Напуштените места секогаш претставуваат место за неисцрпна инспирација за многу уметници. Дали се работи за сликари, фотографи, режисери или пак станува збор за обични луѓе кои само ги интересираат ваквите места, секој од нив е фасциниран на свој начин од ваквите градби, особено ако станува збор за грандиозни градби.
Peter Untermaierhofer е германски фотограф кој со фотографија се занимава од 2008 година. Често пред неговиот објектив се наоѓаат напуштени места кои во минатото играле важна улога, а денес се оставени да скапуваат на забот на времето.
Во продолжение ќе ви претставиме една колекција на негови фотографии кои се инспирирани од напуштените куќи кои порано претставувале раскошни домови и вили на буржоаската класа, а денес се напуштени и никој не се грижи за нивното одржување.
На овие фотографии и пограј големото присуство на прав, влага и мов, сепак може да се забележи раскошот и сјајот во кои блескале само неколку децении претходно. Овие куќи се снимени претежно во Германија и Австрија.