Насловна / Вести / Буркина Фасо со поддршка на Русија ќе гради нуклеарна електрана

Буркина Фасо со поддршка на Русија ќе гради нуклеарна електрана

Буркина Фасо е една од најмалку електрифицирани земји на глобално ниво, со само 21% од населението кое е приклучено на електроенергетската мрежа. Неодамна потпишана е спогодба помеѓу оваа земја и Русија, која се однесува на изградба на нуклеарна централа на територијата на Буркина Фасо. Спогодбата е дел од заложбите на Буркина Фасо до 2030 година 95% од урбаните подрачја и 50% од руралните подрачја да имаат пристап до електрична енергија. Тоа е најновиот потег на воената хунта во Буркина Фасо да се придружи на Русија по судирот со мнозинството нејзини западни партнери. Хунтата се обрати на Русија за економска и воена поддршка, откако минатата година ја презеде власта. Во моментот најголем дел од електричната енергија, Буркина Фасо ја добива од јаглен и биомаса, додека нафтата сочинува една третина.

burkinafaso1

burkinafaso2

 

На африкаснкиот континент, во моментот Јужноафриканската република е единствената држава која комерцијално произведува електрична енергија со нуклеарна технологија, но се повеќе земји на континентот се движат во таа насока. Имено, Русија веќе му помага на Египет да изгради нуклеарна електрана, по спогодбата потпишана во 2017 година. Истата година потпишана е спогодба и помеѓу Нигерија и Русија. Кенија исто така планира да започне со ваков проект до 2027 година, но сеуште нема избрано меѓународен партнер. Владата на Руанда, во септември годинава објави дека се одлучила за канадско – германската компанија Dual Fluid Energy како партнер за изградба на нуклеарен реактор до 2028 година.

burkinafaso3

 

Испрати коментар

Scroll To Top