Во сплитското подрачје во утринските часови е забележан најсилен урагански ветер во последните 10 години. Траектите два часа се нишале во сплитската марина, стеблата паѓале на автомобилите, а летале и сообраќајните знаци. Од една зграда падна дури и фасадата.
За среќа, нема повредени во налетот на ураганот со брзина од 155 километри на час. Сплиќани велат дека посилна бура од оваа имало на 14 ноември 2004 година кога ветрот удрил со брзина поголема од 170 километри на час.