Словенечкото архитектонско студио Premica е заслужно за неверојатниот планински дом на Алпите. Имено, бункер од Втората светска војна е редизајниран и е трансформиран во модерно алпско живеалиште, кое на денешните планинари им служи како привремено, но многу модерно сместување и преноќиште.
Објектот се наоѓа во рамките на Националниот парк Триглав. Внатрешниот дизајн на ова засолниште е модерен и функционален. Ова мини здание може да се пофали и со соларни панели, додека асиметричната конструкција на објектот е направена со цел да се заштити од силни ветрови и снег, а подот во внатрешноста е направен од дрво, со што остава впечаток на топол привремен дом.