Charlotte Perriand, една од највлијателните дизајнери и архитектки на 20 век, дизајнирала во 1934 година бунгалов наречен „куќа на брегот“. Замислен како финансиски прифатливо место за одмор, проектот таа година го освоил второто место на архитектонски конкурс, но поради одредени тешкотии изграден е дури неодамна. Иронично, иако бил првично замислен како проект за одмор прифатлив за обичниот човек, на крајот беше реализиран благодарение на луксузниот бренд „Луј Витон“.
Креативната директорка на „Луј Витон“ Julie de Libran била инспирирана од работата на Charlotte Perriand во создавањето на колекцијата за пролет/лето 2014, а исто така, во работата било вклучено и семејството на Charlotte Perriand, за да овој бунгалов од дведимензионална скица стане тридимензионален реализиран објект. Бунгаловот во Италија го изградиле мајстори на „Луј Витон“, а потоа бил демонтиран и префрлен на Флорида како изложбен примерок на настанот наречен Design Miami и повторно составен на плажата во близина на Raleigh Hotela.
Бунгаловот е уреден според оригинални скици, а најмногу се застапени природните материјали, првенствено дрвото. Лежалките на терасата и столици во ентериерот ги дизајнирала Charlotte Perriand. И покрај модерниот изглед и нагласениот минимализам, во овој бунгалов е постигната топлината и удобноста карактеристична за куќа за одмор, што покажува дека Charlotte Perriand со своите архитектонски решенија била доста понапред од своето време.