Насловна / Вести / „Бум“ на виртуелните електрани во Босна и Херцеговина

„Бум“ на виртуелните електрани во Босна и Херцеговина

Виртуелните електрани, кои како модел се присутни во регионот, им овозможуваат на малите производители на „зелена“ енергија во Босна и Херцеговина, поскапо да ја продаваат својата електрична енергија на пазарот, бидејќи цената која ја добивале преку feed in тарифите била пониска. Тоа значи излегување од системот на државно субвенционирање. БиХ во моментот има седум виртуелни електрани, кои се балансно одговорни страни, и сега производителите на електрична енергија на дистрибутивно ниво можат да бираат кому и под кои услови ќе му продаваат електрична енергија. Во седумте виртуелни електрани има околу 120 MW инсталирана моќност. Очекувањата се дека до крајот на оваа година, моќноста ќе се удвои, односно ќе достигне 250 MW. Претходниот систем на feed in тарифи, подразбираше дека малите електрани мораат да ја продаваат енергијата на една од трите национални електростопанства, преку договори со фиксни цени, на 12 години, односно 15 години во зависност од ентитетот.

virtualna1

Со растот на цените во 2021 година, производителите добија прилика да го максимизираат профитот, па подготвен е модел кои им овозможува на дистрибуираните извори на енергија да се обединат, под услов моќноста да им е поголема од 1 MW. Производсѕтвото од малите електрани на овој начин се агрегира, и така формираните виртуелни електрани можат да настапат на отворениот пазар. Дебалансите на виртуелните електрани се фактуритраат врз основа на 15 минутните интервали евидентирани од страна на Операторот на дистрибутивниот систем (ОДС). Следните компании во БиХ имаат статус на виртуелни електрани: EFT, Elektroprivreda BiH, Winter Wind, Hifa-oil, Renewable Energy Solutions BH, Vibar и Petrol BH Oil Company.

virtualna2

Испрати коментар

Scroll To Top