По завршувањето на имотно-правните односи ќе почнат и градежните зафати за продолжување и проширување на булеварот „Партизански одреди“ кон општината Ѓорче Петров. Ова е дел од програмата на град Скопје за 2016 година.
Булеварот ќе продолжи од семафорите во Порта Влае, па се до кружниот тек кај црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, а ќе има и нов кружен тек.
Раскрсницата кај Порта Влае досега важеше за тесно сообраќајно грло, каде што метежот беше секојдневие. Со проширувањето, ќе се овозможи побрз проток на возилата и поголема безбедност.
Истовремено, продолжениот булевар индиректно ќе придонесе кон растеретување и на сообраќајот што води према стопанските комплекси кон Момин Поток.