Насловна / Вести / Bugatti Rimac не минува низ најдобар период, Порше размислува да преземе мнозински удел

Bugatti Rimac не минува низ најдобар период, Порше размислува да преземе мнозински удел

Германскиот производител на автомобили Порше, кој веќе има 45 отсто од акциите во компанијата Bugatti Rimac, сега размислува да преземе мнозински удел во споменатата компанија, а основачот и директор на Римац, Мате Римац, потврди дека разговорите се во тек.

Тој изјави дека успехот на оваа трансакција не е загарантиран и напомена дека има и други компании кои се заинтересирани за преземање. Порше би можел да преземе мнозински удел во Bugatti Rimac само со согласност на други инвеститори, вклучувајќи ги Hyundai, Goldman Sachs или Softbank.

Концернот Фолксваген, главниот сопственик на Порше, моментално се соочува со големи предизвици, намалување на трошоците, ги намалува платите, па дури и размислува за затворање фабрики.

Bugatti Rimac исто така не минува низ најдобар период. Продажбата на неговиот електричен автомобил Невера е послаба од очекуваното, а лани со приходи од 336 милиони евра забележа загуба од 17 милиони евра.

Мате Римац претходно призна дека пазарот се променил и дека најбогатите луѓе повеќе не сакаат да купуваат електрични автомобили.

Испрати коментар

Scroll To Top