Бугарската државна енергетска компанија НЕК е влезена во долгови, кои на крајот од 2013-та достигнале 1,2 милијарди евра. Компанијата има долг кон банките од 278 милиони евра, и 411 милиони евра кон производителите на енергија. Како главна причина за оваа состојба, бугарскиот министер за енергетика Стојнев, ги посочува превисоките цени на енергијата од обновливи извори.
Намалувањето на домашната потрошувачка и намалувањето на извозот, исто така се наведуваат како причинители.
Извор: elektroenergetika.info