Бугарската Влада денеска го одобри Меморандумот за соработка меѓу министерствата за транспорт на Бугарија и на Македонија за развој на железничкиот сообраќај меѓу двете земји.
Прес-службата на Владата во Софија соопшти дека бугарската страна ја презема обврската за доизградба на железничката пруга Софија-Перник-Радомир-македонска граница до 2027 година, а Македонија од своја страна има обврска до 2025 година да ја изгради пругата од Крива Паланка-Деве Баир-бугарската граница.