Реакторите од нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија се сметаат за едни од „најризичните“ во Европа, се наведува во статијата на германскиот дневен весник Der Tagesspiegel [DE]. Весникот, исто така, ги набројува и многубројните ризици во врска со безбедноста на реакторите, кои се наведени во извештајот од 2013 година на Меѓународната агенција за атомска енергија (International Atomic Energy Agency (IAEA).
Четири од шесте реактори на нуклеарната централа Козлодуј беа затворени во 2007 година, по влегувањето на Бугарија во ЕУ.Освен во Бугарија, ризични реактори и натаму има во Белгија, Германија, Чешка како и во Украина, и покрај најголемата нуклеарна катастрофа пред 30 години.