Насловна / Вести / Бугарска државна фирма ќе развива мрежа постројки за батериско складирање на енергија

Бугарска државна фирма ќе развива мрежа постројки за батериско складирање на енергија

Проектот Restore во Бугарија, за складирање на енергија во батерии, ќе има вкупен капацитет од 6GW и ќе овозможи балансирање на електричната енергија од обновливи извори. Ќе го води државна компанија, која треба да биде формирана до крајот на јуни, а тендерите и јавните набавки треба да бидат реализирани до крајот на септември. Бугарската влада веќе го претстави проектот и најави дека ќе чини 798 милиони евра.

battery1

Првата фаза, односно постројките со капацитет од 2GW, треба да бидат оперативни до крајот на 2024 година. Постројките ќе наплатуваат за вишокот енергија која ја чуваат, и тоа не само онаа од обновливи извори, туку капацитетите ќе бидат на располагање и за другите учесници на пазарот.

Arevon Asset Management Saticoy

За реализација на проектот се бараат неповратни средства од ЕУ, а во образложението на барањето наведено е дека во моментот производителите на енергија од обновливи извори не можат да учествуваат во балансирањето, во покривањето на мрежните оптоварувања, флексибилноста и пратечките услуги. Мрежата за складирање на енергија ќе има улога во имплементација на концептот на паметни мрежи и ќе обезбеди висок степен на точност на оперативното планирање, флексибилност, но и важна улога во превенцијата односно управувањето со вонредни ситуации.

 

Испрати коментар

Scroll To Top