Насловна / Вести / Бугарите се најмалку свесни за климатските промени од сите жители на ЕУ

Бугарите се најмалку свесни за климатските промени од сите жители на ЕУ

Одвај 10% од жителите на Бугарија сметаат дека климатските промени се најсериозниот проблем во светски рамки. Тоа е најнизок процент меѓу земјите членки на Европската Унија. Веднаш до нив се Грција и Хрватска, со 11%. Но, затоа дури 50% од жителите на Шведска се изјасниле позитивно за ова прашање, како и 47% од жителите на Данска.

Од друга страна пак, на прашањето „кој сметате дека е најодговорен за сегашната состојба со климата“, меѓу најниските е повторно процентот на Бугарите кои вината ја лоцираат кај себеси, односно само 18% одговориле „јас лично“, за разлика од проескот во ЕУ (33%). Единствено Полјаците се сметаат за уште помалку одговорни за климата (17%). Истражувањето е спроведено од страна на „Евробарометар“.

eurobarometer1

eurobarometer3

Испрати коментар

Scroll To Top