Бугарскиот премиер Бојко Борисов, симболично го означи почетокот на работите на изведба на првата делница на свтопатот „Европа“. Оваа делница ќе ја поврзува Софија со граничниот премин Калотина на границата со Србија и натаму кон Ниш и Белград. Како што известува новинската агенција „Фокус“, во четвртокот Борисов свечено ги отворил работите на модернизација на стариот пат калотина – Софија, на делницата I-8 помеѓу Драгоман и Сливница.