Насловна / Вести / Бугарија за подготвува за изградба на две реверзибилни хидроцентрали

Бугарија за подготвува за изградба на две реверзибилни хидроцентрали

Европската инвестициска банка (EIB), бесплатно ќе ја советува бугарската НЕК во подготовките за изградба на две нови пумпно акумулациони хидроелектрани (реверзибилни), „Доспат“ и „Батак“, на двете истоимени брани. За овие активности потпишан е договор. Двете хидроцентрали ќе обезбедат капацитет од околу 800MW и со својот капацитет за складирање ќе го зајакнат снабдувањето на електрична енергија во Бугарија. EIB, ќе го анализира техничкиот и економскиот потенцијал на двата проекти, како и нивните предности и ризици, врз основа на што ќе биде одлучено дали ќе се градат овие објекти.

Државната енергетска компанија има намера за овие проекти да ги искористи постоечките каскадни брани и акумулации на хидроцентралите во југозападна Бугарија, во близина на Батак и Доспат. Инвестицијата с епроценува ан 900 милиони евра за секоја од електраните, а во функција би биле до 2032 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top