Привремената влада на Бугарија формираше Комисија за енергетика која треба на најсиромашната членка на ЕУ да и обезбеди услови за поголема транспарентност во имплементацијата на енергетските проекти вредни милијарди евра. Неколку значајни енергетски проекти во моментов се во мирување. Во меѓувреме презадолжената државна електродистрибуција најави покачување на цената на електричната енергија за тарифните индустриски потрошувачи. Комисијата ќе и помага на владата во настојувањата да го стабилизира енергетскиот сектор во земјата која се смета за една од најкорумпираните членки на ЕУ. Се очекува Комисијата во својата работа да вклучи и експерти од Европската Комисија, Светската банка и Европската банка за обнова и развој.