Бугарскиот Совет на министри, на последната седница одреди пониски граници на цените на електричната енергија од различни технологии на електрани. Приходите од продажбата на енергијата над тој лимит, ќе се уплатуваат во Фонд за електроенергетска сигурност и задолжително треба да се трошат за поддршка на потрошувачите, енергетска ефикасност и нови обновливи извори на енергија. На пример, за нуклеарната електрана „Козлодуј“, границата е спуштена од досегашните 180 лева/MWh на 150, додека се што ќе се продава над таа цена ќе биде пренасочено во Фондот. Кај термоелектраните на јаглен границата е помесетена од 350 лева/MWh на 300, но тука ќе се доддаде и цената на емисиите на CO2. Ограничувањето кај обновливите извори на енергија е исто како кај термоцентралите (се разбира во овој случај вбез додатокот за емисии).