Бугарија треба да плати отштета на руската компанија „Росатом“, поради откажување на изградбата на нуклеарка „Белене“. Бугарските власти се најдоа во незавидна состојба по одлуката на арбитражата да мора да и платат отштета на руската компанија „Росатом“, поради откажување на изградбата на нуклеарка „Белене“.
Бугарските власти сепак изразија надеж дека „Росатом“ ќе дозволи продажба на нуклеарниот реактор, купен за откажаната изградба на нуклеарната централа „Белене“, на трета страна, откако Арбитражниот суд пресуди дека Софија мора да ја плати опремата која ја порачала.