Насловна / Вести / Бугарија станува главна рута за увоз на руски гас во ЕУ и Украина во 2025 година

Бугарија станува главна рута за увоз на руски гас во ЕУ и Украина во 2025 година

Бугарија ќе стане долгорочно клучна транзитна земја за снабдување со гас на Романија, Молдавија и земјите од југоисточна Европа. Со реализација на проектот за зголемување на капацитетот од Грција до Бугарија и од Бугарија до Романија, ќе биде обезбедена техничка можност за транспорт на дополнителни количини природен гас. Очекуваниот прекин на транзитот на природен гас низ Украина, кон крајот на оваа година ќе го направи гасоводот „Балкански тек“ низ Бугарија, главен пат за снабдување на ЕУ и самата Украина.

gas1

Од почетокт на руската инвазија на Украина, ЕУ драстично го намалила увозот на руски гас – од над 50%, на 15% во минатата година, покажуваат податоците на Европската Комисија. Вкупно 9% од испораките на руски гас во ЕУ доаѓа преку гасоводи, а останатата количина е течен гас. По прекинот на украинскиот гасен коридор, снабдувањето на ЕУ и Украина ќе мора да оди главно преку Бугарија.  Проектот „Балкански тек“, кој е продолжение на „Турски тек“, пуштен една година пред руската инвазија на Украина, и поддржан од Бугарија, Србија и Турција.

FILES-GERMANY-US-RUSSIA-UKRAINE-DIPLOMACY-GAS-NORD-STREAM

По почетокот на војната, Русија ја прекина испораката на гас на Бугарија, но Софија не го попречуваше транзитот на гас за другите земји. Грција и Бугарија изградија гасен интерконектор кој ја поврзува бугарската гасна мрежа со Трансјадранскиот гасовод, кој обезбедува гас од Азербејџан. Оваа врска, исто така овозможува и трансфер на Течен природен гас (ТПГ) од грчките терминали.

Испрати коментар

Scroll To Top