Насловна / Вести / Бугарија: Седми блок на нуклеарната електрана „Козлодуј“ до 2034 година

Бугарија: Седми блок на нуклеарната електрана „Козлодуј“ до 2034 година

Пратениците на бугарскиот парламент на 18-ти декември ја донесоа одлуката со динамика на изградба на седми и осми блок на нуклеарната електрана „Козлодуј“ по американска технологија. До 31.03.2024, Советот на министри и Министерството за енергетика мора да ја донесе одлуката за избор на технологија, а станува збор за американските реактори AP1000. Седмата единица би требало да биде готова на 31.12.2034 година.

koz1

Во септември 2025 година, планирано е да се склучи договор за набавка на опрема со долг производен циклус, а до крајот на 2026 година проектот мора да биде доставен до нуклеарниот регулатор на одобрување. Градежната дозвола мора да биде донесена до крајот на мај 2029 година, а градежните работи на градилиштето би требало да започнат во јули истата година. Бугарија се одлучи да гради нови блокови во „Козлодуј“ откако се откажа од изградбата на нова нуклеарна електрана – проектот „Белене“.

koz2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top