Жителите на гратчето Николаево во округот Стара Загора на југот на Бугарија беа евакуирани поради истекување на гас од блиското складиште. Инцидентот се случил ноќта на 17 август кога е забележано истекувањето од државното складиште на гас лоцирано непосредно до железничката станица. Дефектот е брзо саниран, но веднаш е покрената истрага заради утврдување на причините и лоцирање на одговорноста, јавува бугарскиот портал „Focus“.