Терминалот за течен природен гас (ТПГ) во близина на грчкиот град Александрополис, би требало да почне со работа на почетокот на март следната година. Така Бугарија ќе започне да добива гас од овој извор во рамките на резервираниот капацитет од една милијарда кубни метри годишно. Бугарскиот државен орератор за гас „Булгартрансгаз“ има 20% удел во заедничката компанија со грчкиот оператор „Гастрејд“, која е надлежна за реализација на овој проект. Објектот требаше да биде во функција на почетокот на 2024 година, но рокот е одложен поради изградбата на пловечка платформа за проем и истовар на танкерите.
Неодамна во Софија е одржан состанок на компаниите оператори на гасните системи од југоисточна Европа, на кој се разговарало за развојот на т.н „Вертикален гасен коридор“ од Грција, преку Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија и Молдавија до Украина. Тоа ќе биде направено со проширување на гасоводните мрежи на овие земји со цел диверзификација и зголемување на снабдувањето со природен гас во регионот.