Насловна / Вести / Бугарија обезбеди пристап до турските терминали за течен природен гас

Бугарија обезбеди пристап до турските терминали за течен природен гас

Со закуп на транзитни капацитети на 13 години, Бугарија обезбедува уште една алтернатива за снабдување со природен гас со оглед дека после април 2022 година, кога „Газпром“ ги услови испораките со плаќање во руски рубли, ситуацијата со снабдувањето сериозно се усложни. Оваа земја од Русија добиваше околу 95% од вкупните потреби, па се сврте кон увоз од Азербејџан и течен природен гас (ТПГ). Но договорените милијарда метри кубни од Азербејџан не можеа веднаш да бидат испорачани бидејќи постоечките гасоводи можеа да транспортираат само една третина, се додека во октомври 2022 година не проработе грчко – бугарскиот гасен интерконектор.

gasspogodba1

Проблемот со увозот на ТПГ беше усложнет и со високите цени за закуп на грчките и турските терминали, поради што земјата во еден период од летото 2022 мораше да ги откаже веќе договорените испораки од САД. Сега овие проблеми се решени со спогодбата со Турција, па Бугарија ќе купува ТПГ преку пет турски терминали. Но, не е соопштено по која цена. Инаку, Бугарија годишно троши по 3-3,5 милијарди метри кубни гас, па количината од 1,5 милијарди метри кубни преку Турција заедно со милијардата од Азербејџан се очекува значително да ја поправи ситуацијата. Дополнителен напредок ќе биде и увозот преку терминалот Александрополис во Грција, во кој Бугарија има удел од 20% и кој ќе биде оперативен од 2024 година. Со потпишувањето на оваа спогодба, Бугарија има можност да купува од сите меѓународни производители и да истовара во Турција, каде логистички е најповолно. Исто така, со цел остварување на поповолни цени, во овој потфат се планира и вклучување на Романија.

gasspogodba2

 

Испрати коментар

Scroll To Top