Со последните измени и дополнувања на бугарскиот Закон за просторно планирање, значајно ќе се олесни поставувањето на соларни електрани на покривите. Тие стапија на сила на 20-ти јануари 2023 година, со што се воведува поедноставена процедура за добивање на потребната документација (дозволи, одобренија и сл.), како и за самата изградба на фотоволтаици и соларни термални системи. Сега веќе не е потребна градежна дозвола за изградба, поправка или замена на фотоволтаиците или за било какви други постројки за производство на топлинска енергија на постоечки семејни куќи. За да се оствари правото на поедноставената процедура, треба да бидат исполнети следните услови: 1. постројката мора да се гради на постоечка семејна куќа, викендица или земјиште; 2. произведената енергија мора да се користи исклучиво за сопствена потрошувачка, и 3. инсталираната можност не смее да биде поголема од 20 kW.