Проектот за нафтоводот Бургас-Александруполис не е архивиран и при потреба може да биде обновен, изјави директорот на руската компанија „Трансњефт“, Николај Токарев, додавајќи дека неодамна добил информација од Софија за плановите за зачувување на проектот,
Планирано беше со нафтоводот Бургас-Александруполис да се заобиколат Босфор и Дарданелите. Преку нафтоводот ќе се транспортираа 35 милиони тони нафта годишно, со можно зголемување до 50 милиони тони. Нафтоводот требаше да го поврзе бугарското пристаниште Бургас на Црно Море со грчкото пристаниште Александруполис во Егејско Море.
– Пријатно не изненадија бугарските партнери со тоа што не се откажуваат од проектот Бургас-Александруполис и се против ликвидирање на компанијата, која беше формирана за реализација на проектот, истакна Токарев.