Насловна / Вести / Бугарија најави можно напуштање на јагленот во 2025 година

Бугарија најави можно напуштање на јагленот во 2025 година

Преодната влада на Бугарија, најави проекти и мерки кои отвораат можност за целосно напуштање на користењето на јагленот во вториот квартал од 2025 година. Имено, во Националниот план за опоравок и отпорност, кој е испратен до Европската Комисија на одобрување, стои дека „Марица Исток 2“, најголемата термоелектрана на јаглен во земјата, најдоцна до средината на таа година ќе биде заменета со технологија на природен гас. Два доглорочни договори со компании кои управуваат со други постројки во истиот комплекс, ќе бидат поништени најдоцна до средината на идната година. Станува збор за приватни компании од САД. Во еден поранешен извештај се наведува дека владата има намера да ги откаже договорите со сопствениците на електраните „Марица Исток 1“ и „Марица Исток 3“, со цел да го одржува во живот државниот загубар „Марица Исток 2“. Доколку сите три постројки се затворат, државната компанија за експлоатација на јаглен „Мини Марица Исток“,ќе нема кому да го продава јагленот. Во овој басен се произведува скоро целиот лигнит во Бугарија. „Марица Исток 2“ има инсталиран капацитет од 1600MW, и е најголема термоцентрала на јаглен во земјата, но просечно користи само 300MW моќност. Преостанатите два системи во комплексот користат половина од инсталираниот капацитет од 1570MW.  Во одредбите на Националниот план за опоравок и отпорност, изградба на заменска гасна електрана од 1000MW, е предвидена само на локацијата на погонот „Марица Исток 2“. Проектот е проценет на 850 милиони евра.

iztok1

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Досега Бугарија одбиваше да го забрза процесот на напуштање на јагленот, и се држеше до крајниот рок на ЕУ за декарбонизација – 2050 година. Дополнително, Бугарија значително се потпира на јагленот и во областа на далечинското греење. Државните компании во регионот се под притисок на трошоците на име „такса за емисија на јаглерод диоксид“, а оние од Западен Балкан посебно се загрижени поради најавата на ЕУ дека ќе воведе Прекуграничен механизам за прилагодување на јаглеродот (CBAM), кој во суштина е данок или царина на CO2 за увозниците.  Од друга страна, треба да се спомене дека истражувачката новинарска мрежа   OCCRP (Organized Crime and Corruption Reporting Project) објави неодамна дека сопствениците на електраните на јаглен „Бобов Дол“ и „Брикел“, во период од три години, заклучно со 2020, избегнале да платат 26,6 до 32,2 милиони УСД за емисии на CO2, преку внесување на неточни податоци во извештаите.  Преодниот кабинет во планот предлага насочување на 970 милиони неповратни средства од ЕУ и 1,12 милијарди евра од кофинансирање, токму во енергетски проекти. Во Механизмот на ЕУ за опоравок и отпорност, за Бугарија се одредени 10,4 милијарди евра, од кои 6 милијарди во кредити.

iztok4

Испрати коментар

Scroll To Top