Насловна / Вести / Бугарија: Кредит за нови нуклеарни реактори

Бугарија: Кредит за нови нуклеарни реактори

Бугарските власти во рекордно краток рок се одлучија на најголемата инвестиција во поновата историја – изградба на два  нови блокоа на местото на нуклеарната електрана „Козлодуј“. Проектот НЕ „Белене“ пропадна, но НЕ „Козлодуј“ имаше среќа. Во јануари 2024, Парламентот ја одобри одлуката за изградба на блоковите 7 и 8 на НЕ„Козлодуј“ со примена на AP1000 технологијата. Станува збор за технологија на Westinghouse.

1_24

На крајот на март ќе биде позната цената на проектот и годишното производство на енергија. Во моментот е јасно дека трошоците во висина до 25-30% ќе бидат на товар на државата, а остатокот од финансирањето ќе се обезбеди со кредит. Минисстерот зе енергетика проценува дека инвестицијата ќе чини 25 милијарди лева, но најголем дел од стручњаците велат дека износот ќе надмине 30 милијарди лева. Некои универзитетски професори пак, изразуваат сомнеж во еконосмката исплатливост на проектот, имајќи ги во предвид и трошоците за згрижување на нуклеарниот отпад. Изградбата на двата реактора ќе трае најмалку десет години.

1_25

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top