Планираното отворање на фабрика на германскиот производител на автомобили Volkswagen (VW) во Турција, проект вреден 1,4 милијарди евра, засега е стопирано. Бугарија и Романија се надеваат дека ќе можат да профитираат од оваа ситуација, пишува Deutsche Welle (DW). Бугарија, која претходно се натпреваруваше со Турција, Србија и Романија за овој проект, сега настојува со сите сили дапостигне спогодба со оваа компанија. Поранешниот бугарски претседател Плевенлиев, кој е почесен претседател на моќната мрежа Yutomotive Cluster Bulgaria, објавил дека Софија за зголемила својата „почетна понуда“ и нашла начин наместо првичните 135 милиони евра да понуди помеѓу 250 и 260 милиони евра, и дека во моментот се чека на одговор од VW. Од друга страна пак, извори во Софија велат дека „германскиот концерн“ најверојатно никогаш не ја довел во прашање својата намера за инвестирање во Турција, а Бугарија е користена само како средство за постигнување на подобра зделка.
Романија, исто така размислува за зголемување на понудата. Градот Арад во близина на Унгарија и Србија е веќе идентификуван како одлична локација. Градот ставил на располагање 1.000 хектари земјиште, а расположивата инфраструктура во вид на железнички врски, автопат и аеродром, е само уште еден плус за „поволни трошоци на производство“. DW потесетува дека уште во 60-тите години VW размислувал за изградба на фабрика во тогашна комунистичка Романија. Но, Чаушеску не ја прифатил предложената локација во Трансилванија во Централна Романија, како ни квотата на припадници на германско малцинство кое требало да се вработи во фабриката. “