Насловна / Вести / Бугарија и Грција ќе потпишат меморандум за изградба на транспортен коридор

Бугарија и Грција ќе потпишат меморандум за изградба на транспортен коридор

Sea2Sea-GR-BG-corridor

Бугарија и Грција ќе потпишат Меморандум за разбирање во врска со развојот на сообраќајните врски меѓу грчките градови Солун, Кавала, Александрополис и бугарските Бургас, Варна и Русе. Идниот коридор ќе ги поврзе Црното и Егејското Море со Дунав преку модерни железнички пруги и пристанишна инфраструктура. Меморандумот ќе ги регулира подготвителните работи и заедничкото управување на проектот за идниот транспортен коридор меѓу Бугарија и Грција. Предвидена е изградбата на железнички пруги и развој на пристаништата во бугарските и грчките градови. Вклучена е исто така изградба на двојна електрифициранa железничка пруга со имплементиран систем за управување со железничкиот сообраќај. Дејностите во бугарскиот дел на проектот ќе чинат околу 1,07 милијарди евра. Се споменуваат повеќе варијанти за финансирање на проектот, меѓу кои планот „Јункер“ и Европската Инвестициска Банка.

 

Испрати коментар

Scroll To Top