Бугарскиот оператор на транспортниот систем Bulgargaz доби средства за изградба на три гасоводи од фондот на Европската Унија наменет за затворање на застарените реактори во НЕ Козлодуј. Финансиската спогодба на „Булгаргас“ и ЕБОР предвидува изградба на три гасоводи со гасна регулациона станица. Проектите вредат вкупно 21,8 милиони евра, од кои ЕБОР ќе обезбеди 11 милиони евра. Гасоводите ќе обезбедат гас за 104.000 жители во 12 градови, при што годишната потрошувачка се прогнозира на околу 180 милиони m3. Се очекува гасоводите да бидат завршени во 2016 година, јавува бугарскиот дневник ‘Novinite’.