Европската комисија(ЕК) додели 29,9 милиони евра за изградба на нов 400 kV далековод со должина од 140 километри меѓу Добруџа и Бургас во Бугарија. „Поддршката што ЕУ и ја пружа на Бугарија ќе придонесе кон јакнење на безбедноста на снабдувањето со електрична енергија, вклучување на енергијата од обновливите извори во пазарот на електрична енергија и ќе ги зајакне перформансите на идната берза на електрична енергија со оглед на очекуваното производство на ветроелектраните во Грција и фотоволтаичните системи во јужна Бугарија“, порачуваат од ЕК.
Од Брисел истакнуваат дека со овие проекти ќе се обезбеди голема полза за најмалку две држави членки на ЕУ, ќе се зголеми сигурноста во снабдувањето, ќе се придонесе за интеграција на пазарот и понатамошен развој на конкуренцијата, но ќе се придонесе и во намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид.