Насловна / Вести / Бугарија богата со гас од шкрилци, но нема политичка волја за експлоатација

Бугарија богата со гас од шкрилци, но нема политичка волја за експлоатација

Се проценува дека Бугарија има 500 милијарди кубни метри гас од шкрилци, но важечкото законодавство спречува негова експлоатација и владата не планира тука нешто да промени, иако веќе се ограничуваат испораките на гас од Русија. Потребите на земјата се 3 милијарди метри кубни гас годишно.

sistovgas2

Проблемите со испораката на руски гас, поттикнаа итна набавка на американски течен природен гас и ги наведе стручњаците да го стават на дневен ред ова прашање. Владата на Бугарија соопшти дека договорот со „Газпром“ кој истекува на крајот на 2022 година, нема да биде обновен. Стручњаците од бугарското министерство за енергетика и рударство, повикаа на укинување на моратириумот на гас од шкрилци воведен пред десет години. Имено, во 2012 година, истражувањето и експлоатацијата на гас од шкрилци со користење на фрактурирање се забранети. Мораториумот е воведен после протестот на локалните заедници и еколошките активисти, како и одредени политички партии.

sistovgaz1

sistovgaz3

Врз основа на Студијата на Direct Petroleum од 2013 година, американската Управа за информции во енергетиката (EIA) проценила дека ресурсите на гас од шкрилци во Бугарија се 481 милијарда метри кубни, и таа проценка се смета за сигурна. Од овие количини, околу 30 милијарди метри кубни е можно да се експлоатираат без фрактурирање. Но, се чини дека ниту денес во Бугарија нема политичка волја за производство на гас од шкрилци.

sistovgaz4

Испрати коментар

Scroll To Top