Насловна / Вести / Бугарија бара „одмрзнување“ на проектот „Набуко“

Бугарија бара „одмрзнување“ на проектот „Набуко“

Nabucco_Gas_Pipeline-en.svg

Бугарија се залага за одмрзнување на проектот за изградба на гасоводот „Набуко“, поточно на делот што минува низ нејзина територија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој престојува во посета на Софија.

Како што јави БТА, Борисов нагласи дека Бугарија заедно со Азербејџан пред Европската комисија ќе презентира предлог за возобновување на проектот „Набуко“.

Борисов нагласи дека за разлика од некои други земји од Унијата, Бугарија како „исклучително лојален член на ЕУ“ ги исполнила сите законски одредби од Третиот енергетски пакет, откажувајќи се од проектот „Јужен поток“. Гасоводот „Набуко“ е замислен како проект кој треба да пренесува гас од Азербејџан, преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top