Во рамките на т.н. Јункеров план за енергетски проекти, Бугарија ќе побара 1,4 милијарди евра за шест енергетски проекти. На првата листа на пријавени проекти, која беше завршена во декември 2014-та, се најдоа само проекти од електроенергетиката, додека во јануари годинава се додадени уште шест проекти кои се однесуваат на користење на природниот гас: изградба на интерконекции, проширување на подземното складиште за природен гас во Чирен, изградба на ново складиште за природен гас и други. Вредноста на овие шест проекти се проценува на 764 милиони евра, а двата електроенергетски проекти 646 милиони евра.