Насловна / Вести / Budweiser и чиста електрична енергија (видео)

Budweiser и чиста електрична енергија (видео)

Компанијата за пиво Budweiser се бори за екологија што покажува и во една од своите последни реклами Super Bowl, со помош на песната „Blowin in the Wind“ на Боб Дилан.

Пиварата минатата година поставила своја цел – до 2025 година целата електрична енергија што ја купува на глобално ниво ќе доаѓа од обновливи извори.
Во САД, околу половина од купената електрична енергија што се користи во 12-те пиварници на компанијата доаѓа од обновливите извори на енергија. Од Budweiser велат дека нејзиниот втор по големина бренд Bud Light, е приготвен со „100 проценти обновлива електрична енергија”.

буд1
53. Super Bowl LIII ќе се одржи на 3. февруари на MERCEDES-BENZ STADIUM во Атланта. Финалето помеѓу New England Patriots и Los Angeles Rams ќе биде најгледан и најпосетен спортски настан во САД. Од Budweiser исто така изјавуваат дека ќе донират чиста електрична енергија во Атланта, за да ја подржат неделата на Super Bowl и придонесат за екологијата.

супер
Атланта е град со високи критериуми за одржливост и со донирање на оваа електрична енергија, Bud надоместува 100 проценти од електричната енергија потребна за да се напојува Super Bowl со чиста, обновлива енергија.

dalm

 

Испрати коментар

Scroll To Top