Германски награди за дизајн: Bubble мангалот (отворен метален сад за греење со жар) на францускиот бренд Focus што гори на дрва ја освои наградата Gold Excellent Product Design за 2021 година.
„Bubble сведочи за спонтаноста, експресивноста и суштинската едноставност на дизајнот. Во овој производ го наоѓаме целиот ДНК на брендот Focus и безвременоста на дизајнерските креации што се предлагаат повеќе од 50 години. Некои велат дека се вратила заобленоста на формите… Божји дар за Bubble мангалот, но креациите на Focus никогаш не ги следеле трендовите. Инспирирани од заобленоста на буквите или чистотата на ѕвездите на небото, органските линии на нашите производи упатуваат на спомените на нашето детство и поради тоа веројатно враќаат чувство на задоволство и смиреност.“ Ова се зборовите на Christophe Ployé, раководител на дизајнерските проекти на Focus, коментирајќи ја доделата на наградата Gold Excellent Product Design за Bubble (категорија градинарство и живот на отворено) во контекст на германските награди за дизајн.
Bubble е дизајн на мангал кој работи со дрво. Со својот дијаметар од 70 сантиметри и две задни тркала, може лесно да се поместува, додека чинијата што може да се отстрани го олеснува одржувањето. Квалитетот на челикот и антикорозивниот слој обезбедуваат висока отпорност на надворешни атмосферски влијанија. Целосно произведен во Франција, Bubble ги користи истите критериуми за производство и барања за квалитет како и сите производи на Focus.
Наменет за поставување во градини или на тераси, тој е важен извор на топлина кој ви овозможува да уживате во топлината на пламенот на отворено во текот на целата година, во зима и лето, во текот на денот и ноќта, Bubble повикува на дружење и споделување.
Германските награди за дизајн е меѓународен натпревар за дизајн признат ширум светот: целта е да се откриваат, презентираат и наградуваат најпрестижните проекти секоја година. Ги доделува Германскиот совет за дизајн (Rat für Formgebung) и Сојузното министерство за економија и енергија.