Бубамарата го одбележа сечие детството. Верувањето вели дека кога бубамара ќе слета на некого, тоа носи среќа. Не знаеме со сигурност, но она што го знаеме е дека присуството на бубамарите во градинтаа дефинитивно ќе и донесе среќа. Многу производители на зеленчук и овошје ја користат моќната „бубамара“ војска во борбата против вошките. Еколошкото и био производство го бара најсилното што ни го дала природата, а тоа е синергијата со овие мали и интересни суштества.
БУБАМАРА – ЗОШТО Е ВАЖНА ЗА СЕКОЈА ГРАДИНА?
Сигурно се прашувате зошто една бубамара би била важна за градината? Одговорот е многу едноставен и лежи во нејзиниот апетит. Имено, една бубамара за 2-3 недели може да изеде 400-500 лисни вошки. Затоа, тоа е еден од најдобрите начини за борба против досадните вошки на вашите растенија. Една генерација бубамари живее околу пет недели, што им дава доволно време да го зголемат потомството за 5-6 генерации. Можете сами да заклучите, ако успеете да задржите една генерација, бројот се зголемува со геометриска прогресија.
КАКО ДА ЈА ПРИВЛЕЧЕТЕ ВО ГРАДИНАТА?
Големиот потенцијал на бубамарите во борбата против штетниците е непроценлив. Бубамарите се насекаде околу нас, но тие ќе дојдат и ќе останат во вашата градина само доколку се погодни условите за нивниот престој. Ако сакате да ги привлечете и задржите, треба да:
Избегнувате употреба на хемиски препарати
Бубамарите не се премногу чувствителни на благи инсектициди, можеби нема да ги убиете со нивната употреба, но она што дефинитивно ќе го направите е да ги избркате. Ако престанете да користите пестициди и хербициди, за околу 5-6 недели ќе можете да го забележите доаѓањето на првите бубамари. Ова е особено важно во пролетта, кога бубамарите излегуваат од зимската хибернација и тргнуваат во потрага по храна.
Засадете растенија кои се склони на лисни вошки
Ако садите растенија кои имаат поголема веројатност да привлечат вошки, ќе привлечете и бубамари. Розите на пример, се еден од тие видови. Освен украсните растенија како розите, некои видови евонимус, вошките ги привлекуваат и овошните садници и некои зеленчуци.
Засадете растенија кои се богати со полен и нектар
Бубамарите генерално највеќе сакаат месни оброци како што се вошките, но исто така сакаат да имаат пристап до полен и нектар додека се во фаза на растење и развој. Идеални растенија за нивните потреби се астрите и ајдучка трева.
Откак еднаш ќе се уверите во важноста и ефикасноста на овие мали жители, ќе сакате тие секогаш да бидат жители на вашата градина и ќе направите се за да ги привлечете, односно да ги задржите.