Deli Shop кој е дизајниран од страна на DLux Studio се наоѓа во големиот дистрикт на Paraiso, во Сао Паоло. Ресторанот верува и го следи концептот на здрави и брзи оброци. Сместен е во стара зграда на површина од 3 x 14 m. Просторот е поделен во три соби, од кои две се нементи за потребите на посетителите, односно просторот со маси и тоалет, и една соба наменета за кујна.
Главниот концепт е да се создаде место за младото и урбано опкружување. Идејата дошла оттаму што ресторанот се наоѓа меѓу две поголеми училишта во градот, така што студентите се најчестите клиенти. Изборот за понеутрален третман на ѕидот се меша со црниот плафон, а тоа дава еден модерен и урбан изглед на ресторанот. Миксот на тие неутрални тонови ги истакнуваат живите бои на мебелот, давајќи совршен баланс на тоновите во просторот.