Железниците на Франција имаат намера да воведат во сообраќај уште побрзи TGV (Train à Grande Vitesse) возови без машиновозачи до 2023 година. Тестирањето на прототипот ќе започне во 2019 година. Според Franceinfo, новите возови ќе имаат сензори за детекција на препреки и автоматски ќе можат да закочат доколку е потребно, a со нив ќе се управува далечински.
Директорот на француската национална железничка компанија SNCF (Société Nationale des Chemins de fer Français), Matthieu Chabanel ги споредува овие автономни возови со комерцијалните летови. „Во авионите секогаш има пилот, но има и автоматски систем за управување“, изјавил директорот.
Овој вид на возови треба да ја зголеми брзината и фрекфенцијата на TGV посебно околу Париз, кадешто сообраќајот е најгуст. Операторот верува дека овој концепт ќе го зголеми и бројот на патувања помеѓу Париз и Лион за 25%.